Левиот бек на Бетис, Жуниор Фирпо се наоѓа на чекор од трансфер во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Мундо Депортиво“ објави дека двата тима конечно постигнале договор и трансферот ќе се официјализира во следните денови.
22-годишниот Фирпо одигра одлична сезона во Бетис, а на „Камп Ноу“ ќе пристигне како алтернатива за Жорди Алба и ќе потпише договор на 5 години.
Барселона за неговиопт потпис ќе плати 25 милиони евра, а шпанскиот репрезентативец ќе потпише договор до 2024 година.
Тренерот Валверде инсистираше да биде доведен еден лев бек, а Фирпо беше негов прв избор.