Голем број медиуми пренесуваат дека поранешниот селектор на Шпанија Луис Енрике наскоро треба да ја преземе репрезентацијата на Бразил.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
КФудбалската федерација на Бразил се договорила со Луис Енрике за договор до 2026 година.




Поранешниот тренер на Барселона и селектор на Шпанија според информациите изразил желба да соработува со едни од најдобрите фудбалери во светот.




Репрезентацијата на Бразил во овој момент е на првото место на ранг-листата на ФИФА.




Претходно беше објавено дека на листата на кандидати за оваа позиција се Жозе Мурињо (Рома), Карло Анчелоти (Реал Мадрид) и Фернандо Диниз (Флуминенсе).




Последен селекторски ангажман на Енрике беше шпанската репрезентација која ја напушти по неочекуваната елиминација од Мароко во осминафиналето на Светското првенство во Катар.



