Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Јован Попзлатанов нов играч на Вардар!

Официјално: Јован Попзлатанов нов играч на Вардар!

Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски, се играчите кои го напуштија Вардар, а клубот полека работи на создавање на тимот на за наредната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нов играч на Вардар е Јован Попзлатанов кој пред неколку дена ја напушти Македонија Ѓорче Петров и се очекува да биде големо засилување за Вардар.

„Јован Попзлатанов е второто засилување во овој преоден рок и повторно ќе го облече дресот на нашиот најтрофеен клуб. Офанзивниот крилен фудбалер доаѓа од екипата на Македонија ЃП и ќе биде големо засилување за нападот во наредната сезона“, соопштија од Вардар.

За Попзлатанов е ова е враќање во Вардар, а ќе видиме како ќе се снајде во својот втор мандат. Претходно Вардар се засили со крилниот играч, Симеон Христов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …