Дома Останати Тенис Официјално: Федерер нема да игра на Австралија Опен

Официјално: Федерер нема да игра на Австралија Опен

Роџер Федерер и дефинитивно го откажа настапот на Австралија Опен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа вест денес ја објави неговиот менаџер, Тони Годик.

„Роџер одлучи да не игра на Австралија Опен 2021“, објави Годик.

Федерер има намера да настапи на турнирите кои доаѓаат после Австралија Опен. Неговата цел сега е што подобро да се опорави од повредата.

„Во изминатите два месеци Швајцарецот забележа голем напредок кога во прашање се неговите колена и физичка спремност. После разговорот со тимот заклучи дека за него долгорочно најдобро е да не игра на Австралија Опен“, изјави Годик.

Австралија Опен ќе се игра од 8. до 21. февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ откри зошто неговите деца уште немаат телефони

Седумкратниот шампион на Вимблдон пристигна во Лондон, седна пред исполнетата конференциск…