Чилеанецот Алексис Санчез потпиша договор со Интер кој ќе има важност до 30. јуни 2024. година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Санчез го носеше дресот на Интер три години во ериодот од 2019. до 2022 година и во тој период на 109 настапи постигна 20 голови и освои три трофеи (Серија А, Куп и Суперкуп на Италија).
Изминатата година напаѓачот ја помина во Марсеј и имаше солиден учинок од 18 голови на 44 натпревари.
Кариерата Санчез ја започна во Кобрелоа, потоа на Европа и се претстави со одличните настапи во Удинезе од каде потпиша за Барселона, па се пресели во Арсенал и Манчстер Јунајтед.
Имаше успех Санчез и во Барселона со која триумфираше во Ла Лига, Копа Дел Реј, УЕФА Суперкуп и ФИФА Светското клупско првенство, еднаш го освои и шпанскиот Суперкуп.
Bienvenido 🇨🇱#ForzaInter #WelcomeAlexis @Alexis_Sanchez
— Inter (@Inter_en) August 26, 2023