Како и што се најавуваше, Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на Антони од Ајакс.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот долго време го убедуваше Ајакс да го пушти на „Олд Трафорд“ и на крајот успеа. Манчестер Јунајтед попладнево го потврди договорот со Ајакс и сега следуваат медицинските прегледи после што ќе биде промовиран во нов играч на „црвените ѓаволи“.




Антони во кариерата покрај Ајакс настапуваше и за Сао Паоло, а во изминатата сезона беше еден од најдобрите играчи на холандскиот гигант.




За Јунајтед секако ова е одлично засилување за актуелната сезона и од него се очекува многу.
An agreement has been reached for the transfer of @Antony00 🤝🔴#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) August 30, 2022