Сагата за иднината на францускиот дефанзивец Лени Јоро заврши и денес стави потпис на договорот со Манчестер Јунајтед.
Иако беше блиску до потпис со Реал Мадрид на крајот работите се променија бидејќи Манчестер Јунајтед реагираше побрзо.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Реал Мадрид сакаше Јоро да остане уште една сезона во Лил, па да пристигне откако ќе му истече договорот како слободен играч.
Манчестер Јунајтед постигна договор со Лил и со бонуси вклупно ќе плати 60 милиони евра за потписот на младиот дефанзивец.
19-годишниот Лени Јоро одигра 46 меча во Лига 1 и постигна два гола. Настапуваше за помладите селекции на Франција, има и еден настап за селекцијата до 23 години, а важи за еден од најголемиет таленти.