
Долго се шпекулираше каде ќе ја продолжу кариерата Раџа Наинголан, а денес добивме и официјална потврда.
Наредната сезона Наинголан ќе ја помине во Каљари и така го исполни она што го најави пред неколку дена.
Како што соопштија од Каљари „нинџата“ се враќа дома бидејќи тој четири години помина во овој клуб за кој одигра 137 натпревари.
Подоцна го носеше дресот на Рома, а во Каљари пристигнува од Интер за кој на 36 натпревари постигна седум голови.
Во Каљари се надеваат дека Наинголан ќе донесе една нова сила и свежина во средината на овој тим.