Дома Македонски спорт Официјално: Милан Ристовски промовиран во Спартак Трнава

Официјално: Милан Ристовски промовиран во Спартак Трнава

Младинскиот репрезентативец на Македонија Милан Ристовски е промовиран во Спартак Трнава.

Ристовски е напаѓач на Ријека, а сега во потрага по минутажа ќе игра повторно во Словачка каде што веќе го носеше дресот на Нитра.

Пред пет месеци Ристовски се здоби со фрактура на левата нога и зад него е период на рехабилистација, сега е скоро спремен за настап за Трнава. На позајмица во Трнава младиот напаѓач ќе биде до крајот на јуни, тогаш се очекува да се врати во Хрватска.

Ќе потсетиме, Ристовски е брат на македонскиот сениорски репрезентативец Стефан Ристовски кој вчера беше промовиран како нов играч на Динамо Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ѕвездата на Украина пред трансфер во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е во напредни преговори за трансфер на украин…