Дома Трансфер зона Официјално: Милан го претстави новиот напаѓач

Официјално: Милан го претстави новиот напаѓач

Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао и официјално е нов играч на италијанскиот гигант Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


20-годишниот Леао доаѓа на „Сан Сиро“ од Лил во трансфер тежок 35 милиони евра, од кои „росонерите“ 30 милиони ќе платат во кеш и во спротивен правец ќе го испратат младинецот Тиаго Џијало.

Леао минатата година блесна во дресот на Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Милан беше најбрз и ја победи конкуренцијата.

Португалецот потпиша 5-годишен договор со „росонерите“ и ќе го носи дресот со број 17.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…