
Лука Јовиќ е нов играч на Ајнтрахт Франкфурт.
Српскиот напаѓач е позајмен од редовите на Реал Мадрид на својот поранешн клуб и таму ќе игра до крајот на сезоната. Јовиќ вчера допатува во Франкфурт, денес ги помина медицинските прегледи, а потоа неговиот трансфер беше и официјално потврден.
Јовиќ летото 2019 година премина од Ајнрахт во Реал Мадрид за нешто повеќе од 60 милиони евра, но помеѓу „кралевите“ не се наигра. Постигна само два гола на 32 натпревари и констатно се пишуваше за негово заминување.
На крајот беше одлучено да оди на позајмица во неговиот поранешен клуб. Јовиќ помин две фантастични години во Ајнтрахт и сега тука ќе се обиде да ја врати формата. За Ајнтрахт постигна 36 голови на 75 натпревари.
#JovicIsBack 🔥 pic.twitter.com/4x1XY335KW
— Eintracht Frankfurt (@Eintracht) January 14, 2021