Дома Трансфер зона Официјално: Клаудио Маркизио е слободен играч

Официјално: Клаудио Маркизио е слободен играч

Поранешниот играч за врска на Јувентус и репрезентативец на Италија Клаудио Маркизио од денес е слободен играч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, вчера рускиот клуб Зенит на својата официјална страна потврди дека го раскинува договорот со Италијанецот.

Маркизио после долгогодишната авантура во Јувентус минатото лето пристигна во Зенит како слободен играч.

Со Зенит потпиша договор до летото 2020 година, но после кратките преговори дојде до спогодбено раскинување на договорот.

Проблемите со коленото кои ги имаше 33 годишниот фудбалер му дозволија да настапи само на 15 натпревари, но сепак успеа да постигне два гола.

„Зенит сака да му се заблагодари на Клаудио за времето поминато во клубот и да му посака се најдобро во иднина“, порачаа од рускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…