Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Искусниот Џиџи нов тренер на ФК Кадино

Официјално: Искусниот Џиџи нов тренер на ФК Кадино

Тимот на ФК Кадино кој се натпреварува во втората лига – запад официјално ја раскина соработката со досегашниот тренер Борис Мицевски и за нов стратег го назначи искусниот Никола Илиевски – Џиџи.

Кадино после 11 одиграни кола на западот се наоѓа во тешка позиција и на претпоследното место осум освоени бода, шест помалку од Кораб кој е една позиција пред нив, а еден повеќе од последнопласираниот Охрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мицевски со Кадино оствари две победи, одигра две нерешни и запиша седум порази.

„Нашиот клуб го раскина договорот со досегашниот тренер Борис Мицевски му благодариме за се до сега и му посакуваме успех понатаму. А за нов тренер е назначен еден наш познат тренер со претходна богата домашна и интернационална кариера Никола Илиевски – Џиџи Фк Кадино му посакува добредојде и многу среќа и успех на новиот тренер“, објавија на Фејсбук страната на ФК Кадино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Струга со минимална предност против Пјуник🎥

Македонскиот шампион Струга Трим Лум го победи Пјуник со 2-1 во првиот меч од второто квал…