Joшко Гвардиол е нов фудбалер на Манчестер Сити. Англискиот шампион го откупи хрватскиот репрезентативец по неколку недели интезивни преговори.
Гвардиол со овој трансфер стана најскапиот стопер во историјата на фудбалот. Лајпциг за продажбата на хрватскиот фудбалер ќе заработи 90 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На овој трансфер се израдуваа и во Динамо Загреб каде што добиваат 15% од споменатата сума.
Гвардиол во дресот на Лајпциг одигра 87 натпревари, постигна пет голови и запиша три асистенции, а посебно вниманието на себе го привлече со настапот за Хрватска на Мундијалот во Катар.
Josko's first words 🎙️👇
— Manchester City (@ManCity) August 5, 2023