Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Вардар се засили со двајца руски репрезентативци!

Официјално: Вардар се засили со двајца руски репрезентативци!

0

Двајца руски репрезентативци, Сергеј Горпишин и Павел Атман го засилија македонскиот и европски шампион Врадар.

Сергеј Горпишин е 21-годишен пивотмен, кој доаѓа од бундеслигашот Ерланген каде играше од летото 2017 година, а Павел Атман (32) игра на позицијата лев и среден бек и исто така доаѓа од бундеслигата односно од тимот на Хановер.

„Полека се формира тимот со кој следната сезона ќе играме во одбрана на шампионскиот трофеј. Горпишин е млад и талентиран играч кој веќе зад себе има и интернационално искуство. Добивме многу позитивни препораки за него, го следевме неговиот развој и веруваме дека брзо ќе се вклопи со екипата и ќе биде дел од новиот тим што повторно ќе биде меѓу сериозните кандидати за висок пласман во ЛШ и СЕХА лигата. Павел Атман го познаваме сите и тој со своето искуство и квалитет секао ќе придонесе Вардар да биде подеднакво силен на бековската линија и во иднина, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Потсетување, Вардар вчера го потврди и трансферот на голманот Артурс Кугис.

Фото: РК Вардар

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар до врв ја наполни мрежата на Мотор

Македонскиот и европски шампион Вардар го нагости тимот на Мотор Запорожје во рамките на С…