Дома Фудбал Откриено: Мурињо пред Челзи бил блиску до – Ливерпул!

Откриено: Мурињо пред Челзи бил блиску до – Ливерпул!

Кога Мурињо дојде во 2004 година се случи еден пресврт во историјата на Челзи.

Мурињо за брзо време ги освои фановите и стана омилен, а сега е откриено дека Мурињо многу лесно место во Челзи можел да заврши во Ливерпул.

Управата на Ливерпул во тој период не била задоволна од Жерар Улие кој го водеше тимот и се обиделе на клупата да го доведат Жозе. Овој податок го откри Николас Вилас во неговата книга посветена на Жозе.

Мурињо беше во поодмината фаза на преговори со Ливерпул, практично договор имало, но побарале од него да почека 15 дена затоа што Улие се уште бил тренер. Во тој период се појавил Роман Абрамович ја искористил ситуацијата и го довел Мурињо на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…