Дома Топ вести Откриено зошто пропаднал трансферот на Нејмар во Реал Мадрид

Откриено зошто пропаднал трансферот на Нејмар во Реал Мадрид

Ветувањето кое го направила Барселона го блокирало трансферот на Нејмар од Пари Сент Жермен во Реал Мадрид минатото лето, тврди „Мундо Депортиво“.

Како што е познато Нејмар минатото лето сакаше по секоја цена да го напушти ПСЖ. Негов прв избор беше враќање во Барселона, но не исклучуваше и трансфер во редовите на Реал Мадрид, бидејќи сакаше да се врати во Шпанија.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Добрите односи помеѓу „кралскиот“ клуб и ПСЖ ги исплашило раководните луѓе во Барселона дека Нејмар може да заврши на „Сантиаго Бернабеу“. Поради тоа тие му ветиле на Бразилецот: „Ќе се вратиш или оваа година или следната сигурно“.

Овие зборови биле доволни Нејмар да не го комплетира трансферот  на „Сантиаго Бернабеу“, открива „Мундо Депортиво“.

И покрај силните обиди, Барселона минатото лето не успеа да го договори трансферот на Нејмар, бидејќи ПСЖ за неговата слобода бараше 200 милиони евра.

Меѓутоа, Каталонците се убедени дека ова лето ќе успеат да го договорат трансферот бидејќи цената на Нејмар падна на 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан стави една ѕвезда на продажба

Милан е спремен ова лето да слушне понуди за Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските мед…