Дома Фудбал Останато Откриени детали од договорот: Донарума во ПСЖ има помала плата од последната понуда на Милан!

Откриени детали од договорот: Донарума во ПСЖ има помала плата од последната понуда на Милан!

Џанлуиџи Донарума ова лето го напушти Милан и како слободен играч потпиша за ПСЖ.

Долго време преговараше Донарума со францускиот клуб, во игра беше и Јувентус, но на крајот сепак заврши во Париз. Деталите од договорот ПСЖ официјално не ги објави, но сега нив ги открива францускиот „Л’Eкип“.

Интересно е што Донарума во ПСЖ ќе добива плата од седум милиони евра по сезона што фиксно е помалку од она што му го нудеше Милан. Последната понуда од Милан до Донарума да го продолжи договорот изнесуваше осум милиони евра.

Покрај фиксните седум милиони евра Донарума во ПСЖ ќе има и бонуси во износ од максимални три милионји евра. Комплетните три милиони би ги добил ако ПСЖ ги освои сите трофеи, а тој забележи одреден број на настапи.

ПСЖ создаде навистина силен тим и реално е да се очекува од нив напад на сите трофеи, но како тоа ќе изгледа на теренот останува да видиме сезоната која следи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи почна преговори со Жоржињо, тој сака да се врати во Италија

Фудбалерот на Челзи, Жоржињо би можел да го напушти клубот и пред завршување на договорот …