Дома Фудбал Освои титула со Леверкузен, па доби нов договор со Баерн

Освои титула со Леверкузен, па доби нов договор со Баерн

Хрватскиот фудбалер Јосип Станишиќ кој минатата сезона беше дел од Баер Леверкузен доби нов договор со Баерн Минхен.

Станишиќ како позајмен фудбалер играше во Леверкузен со кој ја освои титулата во Бундеслигата, но и му даде гол на Баерн во меѓусебната пресметка.

По една таква сезона во Баерн одлучија дека е време да му дадат поголема шанса, па Станишиќ потпиша договор до 2029 година.

„Откако паметам за себе фан сум на Баерн и да играм за овој клуб ми значи се. Татко ми е тој кој ми ја пренесе љубовта кон овој клуб, како мал ме носеше на стадион. За мене Баерн е најголемиот клуб во светот. Во минатата сезона во која излегов надвор од мојот Минхен научив многу и стекнав голема самодоверба“, изјави Станишиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга пак го совлада Вардар, Шкемби доби силен поттик пред Шкендија

Голот на Радески ѝ донесе на Струга победа од 1-0 кај Вардар. Бледи Шкемби го нагласи знач…