Организаторите на „Ју-Ес Опен“ се подготвени да ги прекршат правилата, откако ќе ја поканат за учество во турнирот 15-годишната локална тенисерка Кори „Коко“ Гоф.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тинејџерката направи сензација на „Вимблдон“, откако ја отстрани сонародничката Венус Вилијамс, потоа Полона Херцог, Магдалена Рибарикова и уште три тенисерки во квалификациите.
Согласно правилата, „Ју Ес опен“ не може да и обезбеди на Гоф „вајлд карта“, бидејќи на 15-годишната тенисерка и следуваат само три покани за учество, а таа веќе ги искористила.
„Ние се надеваме дека ќе ка видиме Коко во главната шема на УС Опен. Таа ги освои срцата на навивачите во нашата земја со настапот на Вимблдон. Не толку често се зборува за младите спортистки, изјави Видмаер, портпаролот на американската тениска асоцијација
Женската тениска асоцијација (ВTA) во исто време потврди дека нема да протестира против одлуката на УСTA да ги заобиколи правилата.