Трката во Силверстон имаше фантастичен финиш откако Алекс Ринс го победи Марк Маркез во последните моменти пред целта.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Мотоциклистот на Сузуки, во супер интересен финиш, буквално во последните метри го победи актуелниот светски првак Марк Маркез.
Шпанецот иако ја имаше пол-позицијата, а беше водечки се до последниот свиок, на крајот мораше да се задоволи со второто место. Пиедесталот го пополни уште еден Шпанец, Маверик Винаљес од Јамаха колу му припадна третото место.
За Ринс ова е втора победа сезонава, воедно и во кариерата во најсилната класа.
Во Генералниот пласман, водечки е Маркез сега со 250 бодови, пред Довициосо со 172, а денешниот победник Ринс изби на третото место со 149 бодови.
Photo finish! Well done, #AlexRins #BritishGP #MotoGp pic.twitter.com/f3phAjY73i
— H3X (@rhemaxo) August 25, 2019