Дома Македонски спорт Мак ракомет Озтурк останува во Охрид и наредната сезона!

Озтурк останува во Охрид и наредната сезона!

Турскиот ракометар со над 20 натпревари за турската сениорска репрезентација игра на среден (централен) бек и ќе биде одлично засилување за “новиот тим” на сино-белите под палка на Горан Андоновски.

Зад себе Озтурк има 55 настапи и за младинските селекции на Турција, со кои во 2013 година добил место во олстар-тимот на Балканското првенство, а на младинските Медитерански конфедерациски игри во Италија 2014 бил прогласен за најдобар централен бек во олстар-тимот.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Озтурк во ГРК Охрид дојде од РК Металург, а претходно својата кариера ја градеше во Тото Спорт – Турција кој тим беше шампион во сезоната 2020/2021. Пред тоа играл за Гозтепе и Национал лотарија (Турција).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пешевски: Мотивирани сме и ќе излеземе на терен со ладни глави

По ремито со Унгарија, македонската репрезентација се прирема за утрешниот дуел со Холанди…