Дома Фудбал Лига на шампиони Од Јувентус искрени: Не се жалиме, можеше да биде полошо

Од Јувентус искрени: Не се жалиме, можеше да биде полошо

Павел Недвед беше релативно задоволен после ждребот во осминафиналето каде што Јувентус за противник ја доби екипата на Лион.

Јувентус минатата година се мачеше во двомечот со Атлетико, а оваа година барем на хартија доби полесен ривал.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Можеше да биде и полошо. Не можеме да се жалиме, со оглед на тоа дека минатата година го извлековме Атлетико. Меѓутоа во Лигата на шампионите морате да бидете внимателни против кого и да играте“.

„Не е важно кој ни е противник, туку да бидеме во добра форма во тој момент. Не би кажал дека сме опседнати со титулата, само тоа е наша цел. Чуствуваме дека сме на исто ниво со останатите клубови кои сакаат да го освојат ова натпреварување“, изјави Недвед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …