Дома Македонски спорт Мак баскет Од утре започнува „3х3“ баскет турнир во Скопје Сити Мол

Од утре започнува „3х3“ баскет турнир во Скопје Сити Мол

0

Ова лето ќе започне со голем спортски настан, премиерната 3х3 лига на РМ – вистинско освежување во нашата спортска култура. Лигашкото натпреварување ќе започне од утре на 5то ниво на катната гаража во Скопје Сити Мол.

Викендов ќе се одржи долгоочекуваниот спортски спектакл, официјалниот „3х3“ баскет турнир. Настанот започнува утре во Скопје Сити Мол со ревијален турнир и тридневен хепенинг, а ќе се одржува на 5то ниво од катната гаража на трговскиот центар. Натпреварите ќе започнуваат во попладневните часови и ќе траат до полноќ. Ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут-рунда.

Покрај официјалнот дел со натпреварите, во рамки на тридневниот настан, посетителите ги очекуваат и многу други забавни активности, натпревар во забивање, натпревар во шутирање на тројки, хип хоп танцување, детски баскетболџии, корнер со стрит фуд храна, итн. Присутните ќе ги забавуваат Диџејите на Скопски Грув (Диџеј Duble G) и Funky Fresh (Диџеј Гоце САФ, Диџеј Чваре и Диџеј Oky Doky).

На денешната прес-конференција која се одржа по повод најава на турнирот, свое обраќање до јавноста имаа директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, претседателот на „3х3“ Македонија и Координатор на „3×3“ натпреварувањта на МКФ, Драган Караџовски, Гоце Саф – Амбасадор на 3х3 во Македонија, Дарко Панчевски од Скопје Сити Мол и претставник на екипата на 3х3 кантина, Митко Маринковски.
Претседателот на „3х3“ Македонија и координатор на „3×3“ натпреварувањта на МКФ, Драган Караџовски, ја најави првата „3х3“ лига во Македонија, со старт на настанот во Skopje City Mall. Тој соопшти дека понатаму ќе има 7 турнири кои ќе се одржуваат во повеќе градови низ Македонија.


Следете го Sportski.mk и на


Од Агенцијата за млади и спорт велат дека даваат максималната поддршка за настани од ваков тип:

„Ми претставува голема чест и задоволство што ние како Агенција за млади и спорт заеднички со КФМ, Здружението „3х3“ и Скопје Сити Мол поддржуваме ваква иницијатива за развивање на „3х3“ лига во нашата држава. Ова е дисциплина која ќе биде вклучена во распоредот на следните олимписки игри во Токио 2020, па ова за нас претставува голем мотив за дополнителна промоција и афирмација на 3х3 баскетот во Македонија. Агенцијата за млади и спорт и понатаму ќе ги поддржува сите активности на оваа лига. Ги повикувам сите да дојдат од 15 до 17 јуни и да уживаат во натпреварувачкиот и забавниот дел кој што ќе се приреди тука во Скопје Сити Мол“, изјави директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски.

Од Скопје Сити Мол ги повикуваат сите викендов да бидат дел од овој голем спортски спектакл и се надеваат дека оваа маалска рекреација кај нас наскоро ќе прерасне во спорт со кој ќе достигнеме резултати на европско и на светско ниво.

Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA која што е дел од календарот на светската куќа на кошарката, а оттука стартува и првата 3х3 лига на територијата на Република Македонија. Oвој спорт доби свое место во олимпискиот календар, како официјална олимписка дисциплина која ќе биде промовирана во 2020-та година на Летните Олимписки Игри во Токио. Турнирот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт и Македонската Кошаркарска Федерација.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

За кошмарната вечер на Димитриевски пишуваа светски познатите „Скај Спорт“ и „Л’Eкип“

Македонија вчера загуби од Ерменија со резултат 4:0, а кога и да го споменеме овој натпрев…