Дома Останати Одржано соочувањето пред „борбата на векот“: Фјури не го ни погледна Усик

Одржано соочувањето пред „борбата на векот“: Фјури не го ни погледна Усик

Олександр Усик и Тајсон Фјури ја одржаа прес-конференцијата пред борбата која долго време се очекува.

Интересно беше однесувањето на Фјури кој воопшто не го ни погледна Усик и стоеше свртен кон публиката.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Потоа ја симна капата, ги затегна мускулите, разговараше со фановите, па дури и пееше, а сето тоа Украинецот мирно го следеше.

“Изгледа страшно. Дојдов да се опуштам и да чекам да влезам во рингот во сабота. Разговорите и интервјуата завршија. Опуштен сум и фокусиран”, одговори Фјури подоцна на прашањето зошто не го ни погледнал својот ривал.

Да потсетиме, борбата за обединување на шампионите во бокс во тешка категорија ќе се одржи во Ријад, а во рингот ќе влезат Фјури (шампион според ВБЦ) и Усик (шампион според ВБА, ИБФ, ВБО и The Ring).

Победникот во борбата ќе стане првиот човек кој ги обединил сите титули по Ленокс Луис кој го направи тоа 1999 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Женската А репрезентација на Македонија загуби со 2:1 од селекцијата на Летонија на домаше…