Дома Фудбал Одобрена продажбата на Челзи, парите ќе легнат на замрзната сметка

Одобрена продажбата на Челзи, парите ќе легнат на замрзната сметка

Конзорциумот предводен од американскиот милијардер Тод Боили ќе добие одобрение од британските власти да го купи фудбалскиот клуб Челзи.

Според „Скај спорт“, британските власти добиле правни гаранции дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович нема да има корист од продажбата на клубот, што значи дека можат да одобрат зделка вредна 4,25 милијарди фунти.

Приходите од продажбата ќе одат на замрзната сметка контролирана од британската влада. Освен во Велика Британија, Абрамович беше санкциониран од Европската унија, а бидејќи има португалски пасош, продажбата ја одобрија португалските власти.

Продажбата мора да се комплетира до 31 мај, во спротивно Челзи може да биде исфрлен од Премиер лигата и европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голот против Верес му донесе место меѓу најдобрите на Станковски

Лука Станковски е избран меѓу најдобрите во украинското првенство по погодокот за Колос пр…