Дома Тенис Одложен и Ролан Гарос: Ќе се игра дури во септември

Одложен и Ролан Гарос: Ќе се игра дури во септември

Oрганизацијата Ролан Гарос објави дека овој престижен Грен Слем турнир е поместен за крај на септември.

Тенискиот турнир во Париз беше предвиден да се игра за крај на мај, но одлучено е да се игра од 20. септември до 4. октомври оваа година.

Причината секако е пандемијата поради коронавирусот која го парализираше спортот во Европа, претходно АТП и ВТА ги откажаа сите турнири кои беа планирани за март и април.

Изгледа дека тенис нема да гледаме во наредните најмалку два месеци, но се зависи од тоа како самата пандемија ќе се развива.

Титулите на Ролан Гарос во машка и женска конкуренција ги бранат Рафаел Надал и Австралијката Ешли Барти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милиќ експресно до четвртфинале во Јапонија, сега го чека првиот носител

Деветнаесетгодишниот српски тенисер загуби само три гема во Мацујама, а за полуфинале ќе с…