Дома Фудбал Италија Одлична вест за фановите на Милан: Италијанскиот гигант доаѓа во Софија!

Одлична вест за фановите на Милан: Италијанскиот гигант доаѓа во Софија!

Одлична вест за фановите на Милан од Македонија кои ќе имаат шанса да го гледаат својот омилен тим во соседството на 11-ти август.

Имено, денес италијанскиот гигнат потврди дека на 11-ти август ќе гостува во Софија и ќе игра пријателски меч со Левски на националниот стадион „Васил Левски“.

Бугарскиот тим организира пријателски меч по повод 75-годишнината од својата легенда Гунди и испратија покана до Милан, кој денес и официјално го потврди присуството.

Минатото лето „росонерите“ дојдоа во Скопје и играат против Шкеднија во ЛЕ, а сега фановите ќе можат да ги гледаат своите миленици во соседството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кејн: „Освојувањето на Златната топка е цел, би било прекрасно“

Хари Кејн отворено зборуваше за својата амбиција да ја освои „Златната топка“, нагласувајќ…