Дома Топ вести Ова е понудата на Барса за Верати – што ќе каже ПСЖ?

Ова е понудата на Барса за Верати – што ќе каже ПСЖ?

0

Не тајна дека Барселона го означи плејмејкерот на ПСЖ, Марко Верати како главна трансфер цел во летниот преоден рок и ќе направи се за да го донесе на „Камп Ноу“.

Барселона сака по секоја цена да го донесе Италијанецот во своите редови, а шпанските медиуми ја откриваат понудата која ја испратиле Каталонците за наследникот на Чави.

Имено, Барселона за Верати е спремна да плати 65 милиони евра, плус услугите на Иван Ракитиќ, чија цена во моментов се проценува на 30 милиони евра.

Верати изминатите пет сезони во ПСЖ прерасна во еден од најдобрите играчи за врска во светот, а со оглед на фактот што амбициите на „светците“ се големи, не сакаат да слушант да се разделат од својата ѕвезда.

Сепак, самиот играч секојдневно врши притисок да му биде дозволено да се пресели на „Камп Ноу“, па останува да видиме како ќе реагира ПСЖ на последната понуда од Каталонците.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Топ вести

Проверете

Неочекувана понуда во Мадрид – Зидан во замена за Бејл ја добива ГОЛЕМАТА желба?!

Како што пренесува шпанскиот портал „Diario Gol“, Реал Мадрид добил неочекувана понуда. Сп…