Дома Фудбал Ова е за Гинис: Играч на Барса три пати продаден во една година!

Ова е за Гинис: Играч на Барса три пати продаден во една година!

Младинецот на школата на Барсеона, Ла Масија, Марк Кукурела ќе влезе во аналите на Ла Лига не како дел од моќната генерација на Барса, туку поради фактот што три пати беше продаден во период од една година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


21-годишниот Шпанец се уште не заиграл за првиот тим на каталонскиот гигант. Од Барселона Б веднаш беше испратен на позајмица во Еибар. Таму помина цела сезона и беше откупен за 2 милиони евра на 1-ви јули 2019 година.

Меѓутоа, само две недели подоцна Барселона ја искористи повратната клаузула и за 4 милиони евра го врати играчот на „Камп Ноу“.

Каталонците повторно во летото го испратија на позајмица во Гетафе со договор дека може да биде откупен за 6 милиони евра.

Пред истекот на позајмицата Гетафе ја искористи таа опција и го откупи Кукурела, кој оваа сезона за мадридскиот тим одигра 34 меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како пред 16 години: Шакира е главна во официјалната химна на Мундијалот (Видео)

Од 11 јуни до 19 јули, ќе се одржи Светското првенство кое оваа година го организираат САД…