Дома Топ вести Објавена снимка од разговор на Флик и судијата за поништениот гол: Што да правам?! 🎥

Објавена снимка од разговор на Флик и судијата за поништениот гол: Што да правам?! 🎥

Барселона вчера го претрпе вториот пораз во шпанското првенство сезонава и тоа на гостувањето кај Реал Сосиедад со 1:0. Сепак, по овој дуел најмногу се зборува за поништениот гол на Роберт Левандовски.

При резултат 0:0 Левандовски во 13. минута ја погоди мрежата на домаќините, меѓутоа со реакција на ВАР тој гол беше поништен.

Но, по објавените снимки и фотографии може да се забележи дека Барселона е оштетена бидејќи судиите во ВАР собата веројатно го гледале стапалото на дефанзивецот на домаќините место на Левандовски.

Медиумите во Шпанија објавија и снимка од разговор на полувремето помеѓу тренерот Ханси Флик и судијата Гиљермо Хернандез.

„Што да правам? Ако ВАР вели дека е офсајд, зошто ние би измислувале офсајд? Вие тврдите дека нема недозволена ситуација и за вас не е офсајд бидејќи е одлука против вашиот тим“, му зборува судијата на Флик, додека германскиот стратег тврди дека неговиот тим е оштетен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сопственикот на Ман Сити може да биде принуден да се раздели со клубот

Сопственикот на Манчестер Сити шеик Мансур може да биде принуден да се раздели со клубот к…