Дома Фудбал Италија Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалниците веќе го прогласија Интер за шампион на Серија А

Обложувалницата Сисал  реши уште сега да почне да им исплаќа на оние кои се обложиле дека Интер ќе го освои Скудетото.

На девет кола до крајот во Серија А, Интер има предност од 14 бода во однос на Милан и 17 во однос на Јувентус, па обложувалницата реши да не го чека крајот  на сезоната.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, почнале да се исплаќаат пари на оние кои се обложиле дека Интер ќе го освои Скудетото.

Од Сисал не откриваат за колкава сума станува збор, само појаснуваат дека дури 50% од облозите биле дека Интер ќе стане шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најголема драма на трансфер периодот. Навивачите не го сакаат, клубот бара 500 милиони евра за него.

Хулијан Алварез се најде во непријатна ситуација во Атлетико Мадрид. Иако јавно ја изрази …