Дома Останати Кошарка НБА Нуркиќ после тешката повреда пораки добива од сите страни, но се издвои господинот Тиери Анри! (ФОТО)

Нуркиќ после тешката повреда пораки добива од сите страни, но се издвои господинот Тиери Анри! (ФОТО)

0

Легендарниот француски напаѓач Тиери Анри денес одлучи на босански јазик да испрати порака за поддршка до кошаркарот Јусуф Нуркиќ кој изминатата ноќ заработи тешка повреда.

Најдобриот босански кошаркар доживеа скршеница на ногата во натпреварот помеѓу Портланд и Бруклин и тоа пред крајот на второто продолжение. Нуркиќ до тој момент играше одличен натпревар и имаше 32 поени и 16 скокови, но при еден доскок доживеа тешка повреда.

Нуркиќ ќе мора да оди на операција и за него со сигурност оваа сезона е завршена. Според првите прогнози негово враќање можеме да очекуваме на крајот на оваа календарска година.

Босанскиот кошаркар доби многу пораки од целиот свет, но една се издвојува од сите – онаа на легендарниот напаѓач Тиери Анри.

Тиери Анри одлучи порака до Нуркиќ да испрати преку неговиот Инстаграм профил и тоа го направи на босански јазик.

„Биди храбар, не се давај ти посакувам брзо опоравување“, напиша Анри под фотографијата од Нуркиќ која ја постави.

Со ваквиот потег Анри доби голем број пофалби. Се огласи дури и српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ кој јавно го пофали Анри и го нарече голем господин.

Колку на сите посебно во неговот тим тешко им падна оваа повреда на Нуркиќ покажува и реакцијата на тренерот на Портланд кој беше избезумен и не знаеше што да каже на оваа тема.

„После тешката повреда Јусуф беше пренесен во болница. Лошо се чуствувам. Немам навистина многу што да кажам на сето ова“, изјави Тери Стотс.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Сари од херој за Неапол сега е предавник – ова е доказ! (ФОТО)

Кога стигна официјалната потврда дека Маурицио Сари ќе биде нов тренер на Јувентус тој пов…