Дома Останати Тенис „Нормално е луѓето да се посомневаат дека Ѓоковиќ лажира повреди“

„Нормално е луѓето да се посомневаат дека Ѓоковиќ лажира повреди“

Toни Надал 27 години беше тренер на Рафаел Надал и со Шпанецот освои голем број титула. Сега работи со Канаѓанезот Феликс Аже-Алијасим.

Новак Ѓоковиќ игра одлично на Австралија Опен каде што обезбеди полуфинале и за противник ќе го има Томи Пол кој е изненадување на турнирот. Во медиумите се појавија сомнежи дека Ѓоковиќ ги лажира повредите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не се сомневам во Ѓоковиќ, но сомнежите се нормално. Не би требало да го чуди тоа што многумина се изненадени од неговите убедливи победи во третото и четвртото коло“, пишува Надал во својата колумна за шпански „Ел Паис“.

Надал во претходните години исто така имаше проблеми со повредите.

„Со години можевме да видиме како повредите имаат директно влијание на резултатите на Рафа. Понекогаш не беше во состојба да ги заврши мечевите. Со Новак ситуацијата е поинаква, не велам дека лажира повреди, но нормално е луѓето да се посомневаат“, пишува шпанскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал само што ја заврши кариерата настапи на турнир во друг спорт

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал веќе ја заврши кариерата во тенисот, а последнито настап г…