Дома Останати Тенис Ноле е голем: Го насмеа малиот Петар од Македонија! ?

Ноле е голем: Го насмеа малиот Петар од Македонија! ?

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш го покажа својот карактер и големина.

Ноле многу пати до сега покажал дека е голем човек и хуманитарец, а сега го насмеа и малиот Петар од Македонија.

„Здраво Пецо, како си. Ти праќам еден бакнеж и едно гушкање од Белград и се надевам дека наскоро ќе се видиме во живо и ќе се запознаеме. Те сакам и многу те гушкам“, зборува Ѓоковиќ во пораката до Петар.

Таткото на Петар, Зоран Михајлов изрази голема благодарност до Ѓоковиќ.

„За среќа треба малку. Голема благодарност за Ноле кој не само што е најдобриот тенисер туку е пред сѐ. Човек со голема душа и срце. Благодарам од срце и душа што помогна мојот син Петар да има среќни моменти и насмевки додека те гледа како играш. Силата на Љубовта“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Победничкиот рекет на Ѓоковиќ од финалето заврши кај негова пријателка од школските денови

Новак Ѓоковиќ со убедлива победа над Данил Медведев во финалето триумфираше на Австралија …