Дома Фудбал Англија Нов проблем за Тен Хаг: Се повреди уште еден играч

Нов проблем за Тен Хаг: Се повреди уште еден играч

Веќе е познато дека Нусаир Мазрауи извесен период ќе биде надвор од терените поради проблеми со срцето, а сега се појави нов проблем за Ерик Тен Хаг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, за натпреварот против Брентфорд холандскиот стратег ќе го нема на располагање младиот Коби Мејну кој го пропушти и натпреварот за националнјиот тим во изминатата недела.

Според најавите Мејну ќе биде надвор од терените до крајот на месецот, но можеби и подолго, а тоа сигурно ќе биде проблем за гигантот од „Олд Трафорд“.

Тен Хаг сепак доби и малку добри вести бидејќи од вчера со тимот тренираа Алехандро Гарначо и Амад Дијало. Блиску до враќање на терените се Лук Шо и Мејсон Маунт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Белингем: Не ја заслужив наградата за играч на натпреварот

Бeлингем ги изнесе своите впечатоци пред медиумите на стадионот во Фоксборо по завршување …