Соколите го запишаа четвртиот пораз во исто толку натпревари во ФИБА Еврокупот, откако во Скопје со 73:91 беа поразени вечерва од Солнок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Карпош Соколи имаше одличен старт , добивајќи ја првата четвртина со 26:21, но потоа апсолутен пресврт во втората четвртина, за на крајот на полувремето да заминат на пауза со единаесет поени разлика 34:45. До крајот на мечот, гостите рутински стигнаа до победата по што се задржаа на првата позиција во групата.
Жарко Чомагиќ беше најпрецизен со постигнати 17 поени, Кендрик Пери пак, во таброт на Солнок беше безмилосен кон Карпош постигнувајќи 17 поени за да биде најефикасниот кошаркар на натпреварот.