Дома Македонски спорт Нов натпревар, нова победа – Лихтенштајн испратен со „ШЕСТКА“!

Нов натпревар, нова победа – Лихтенштајн испратен со „ШЕСТКА“!

0

Македонската репрезентација до 19 години денес забележа нова победа.

По двете победи против Швајцарија и Белгија, Македонија денес го одигра натпреварот во кој беше апсолустен фаворит против селекцијата на Лихтенштајн и ја оправда фаворитската улога.

Лихтенштајн беше совладан со убедливи 0:6. На самиот старт нашите момци покажаа дека немаат намера да губат бодови против селекции каков што беше денешниот протиник. Во третата минута од средбата, Дарко Чурлинов го отвори резултатот, а само четири минути подоцна, Бојан Колевски зголеми на 0:2.

Се играше 25 минута кога Димитар Митровски погоди за веќе убедливи 0:3, резултат со кој се замина и на полувремето.

Во вториот дел иста слика на теренот, Македонија со одлична игра стигна до нови три погодоци во мрежата на противникот. Прв во вториот дел стрелаше Митровски во 54 минута кој го постигна својот втор погодок на натпреварот. Миовски во 62 минута погоди за „петарда“.

Конечните 0:6 ги постави Митровски со својот трет погодок на натпреварот.

Со оваа победа Македонија стави точка на одличните квалификации во кои забележа три победи во исто толку натпревари со гол разлика 10:2.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Македонски спорт

Проверете

Германскиот репрезентативец признава: Поради тероризмот размислував да го напуштам фудбалот

Фудбалерот на Борусија Дортмунд и репрезентативецот на Германија беше дел од натпреварот п…