Дома Тенис Ново шоу на Кирјос: Сигурно ти е досадно во животот

Ново шоу на Кирјос: Сигурно ти е досадно во животот

Ник Кирјос после елиминацијата од Рафаел Надал на Вимболдон имаше свое шоу на пресконференцијата.

Како што сам призна не е доволно посветен на овој спорт за да освои некој од големите турнири.

„Знам што можам да направам. Јас сум одличен тенисер, но не ги работам останатите работи. Не сум голем професионалец. Не тренирам секој ден, не доаѓам секој ден. Многу работи морам да исправам за да бидам на ниво на Надал, Ѓоковиќ и Федерер. Само зависи колку силно тоа го посакувам. Но не, моментално не размислувам да се борам за големи работи“.

Неговото однесување надвор од терените секогаш е тема на медиумите. Така еден новинар го праша дали жали што се забавувал вечерта пред мечот со Надал.

„Не. Изгледаш премногу возбудено што поставуваш такво прашање, сигурно ти е многу досадно во животот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…