Tимот на Далас го совлада Вашингтон со 112:104 благодарение на пресвртот во последната четвртина, а и овој натпревар помина во знакот на Лука Дончиќ кој запиша трипл-дабл.
За Дончиќ ова беше десеттиот трипл-дабл во сезоната и до него стигна со учинок од 26 поени, 15 асистенции и 11 скока.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Треба да се напомене и дека до трипл-даблот стигна иако противничките кошаркари играа грубо против него. Еден од кошаркарите на Вашигтон прво го удри во носот од каде му течеше крв, а во третата четвртина му ја „пукнаа“ брадата, па мораше да биде сошиен среде натпревар.
Не се откажа Дончиќ се врати и на осум минути до крајот кога неговиот тим губеше со девет поени разлика ги презема работите во свои раце и беше најзаслужниот за пресвртот.
Џејсон Кид, тренерот на Далас по натпреварот поврди дека Дончиќ не чувствувал проблеми и ќе биде на располагање за следните натпревари.