Дома Фудбал Ново големо достигнување за Бензема

Ново големо достигнување за Бензема

Реал Мадрид синоќа доживеа шокантен пораз од Шериф во ЛШ (1:2), а единствениот гол за „кралевите“ го постигна Карим Бензема.

Ова за Бензема беше 72 гол во најелитното натпреварување со што го мина легендарниот Раул кој има 71 гол во Лига на шампиони.

Во моментов повеќе голови од Бензема имаат само Роберт Левандовски (73), Лео Меси (121) и Кристиано Роналдо (136).

Бензема со синоќешниот гол стигна до 17-та сезона по ред како постигнува гол во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул подготвува потег: Араухо може трајно да остане на „Енфилд“

„Црвените“ се задоволни од уругвајскиот дефанзивец и на зима би можеле да отворат разговор…