Дома Фудбал Италија Новото засилување на Милан ќе почека за деби во новиот дрес

Новото засилување на Милан ќе почека за деби во новиот дрес

0

Милан ова лето направи трампа со Јувентус каде го испрати Леонардо Бонучи, а за возврат го доби младиот дефанзивец Матија Калдара.

Калдара важи за еден од најголемите таленти на Апенините и веќе дебитираше за италијанската репрезентација, но се уште нема дебитирано во дресот на „росонерите“.

Фановите со нетрпение го очекуваат неговото деби, кое нема да се случи ни викендов на гостувањето кај Каљари.

Калдара призна дека има потешкотии да се привикна на одбрана со четворица и на замислите на тренерот Гатузо, па ќе му биде потребно време.


Следете го Sportski.mk и на


„Нема ништо спорно во одлуката на Гатузо. Јас сум тука само еден месец, треба да се привикнам на новата филозофија на тренерот. Се обидувам да дадам се од себе на секој тренинг и што е можно побрзо да ги научам механизмите“, изјави Калдара.

„Неопходно е време да се привикнам со новите соиграчи, но јас сум спремен кога ќе бидам повикан да играм. Гатузо ме поддржува многу и се надевам дека наскоро ќе бидат во стартниот тим“, додаде дефанзивецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кариус не чекаше многу: Преку друштвените мрежи се запозна со труска убавица (фото)

Турската ѕвезда, Мерве Ташкин им откри на медиумите дека се запознала со новиот голман на …