Дома Трансфер зона Нови скапоцени засилувања во Сити: Гвардиола носи трио од 350 милиони евра?

Нови скапоцени засилувања во Сити: Гвардиола носи трио од 350 милиони евра?

Пеп Гвардиола и неговите момци утре ќе имаат прилика да ја заокружат одличната сезона со уште еден трофеј. Во големото финале ќе играат против Челзи.

„Граѓаните“ имаат прилика да заокружат одлична сезона со освојување на уште еден голем трофеј. Во големото финале ќе играат против Челзи.

Сезонава Сити дојде до шампионската титула во Премиер лигата, но на сопствениците на Манчестер Сити тоа не им е доволно. Спремија пари за нови засилувања. Според информациите нивна мета е Џек Грилиш кого астон Вила го проценува на 100 милиони евра. Сега не е познато дали Сити ќе понуди некој фудбалер за да ја намали таа сума или пак истата ќе ја плати.

Во игра е Хари Кејн кој според се многу веројатно ќе го напушти Тотенхем. За него се споменува сума од 150 милиони евра, тука би можел да биде вклучен и Габриел Хесус.

Третото име кое се поврзува со Сити е Нуно Мендеш, левиот бек на Спортинг кој вреди околу 60 милиони евра.

Финалето помеѓу Манчестер Сити Челзи се игра утре од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи ангажираше нов голман

Челзи денес го потврди првото засилување за новата сезона, а станува збор за голманот на Ф…