Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез ќе пропушти четири натпревари поради повреда, пренесува „АС“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот фудбалер се здоби со мускулна повреда за време на мечот со Барселона и беше заменет уште во првото полувреме.
Ова е додатен проблем за Зидан бидејќи надвор од тимот се Карвахал и Одриазола исто така поради повреда.
Сега на местото десен бек ќе мора принудно да игра Лукас Васкез, а втората варијанта е Ферлан Менди, иако тоа не е природна позиција за двајцата.
Во следниот период „кралевите“ играат со Мехенгладбах и Интер и Лигата на шампиони, а во Примера со Хуеска и Валенсија.