Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба се уште се опоравува од тешката повреда на коленото и во овој момент не е познато кога ќе се врати на терените.
Одредени шпански медиуми во текот на вчерашниот ден пишуваа дури и дека Австриецот би можел да ја заврши кариерата затоа што и десет месеци по операцијата чувствувал болка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Фабрицио Романо тврди дека неговата кариера не е доведена во прашање, туку дека се уште се опоравува и дека процесот очигледно трае подолго од очекуваното.
Романо додава дека закрепнувањето оди побавно, но според планот и дека се вклучени медицинскиот тим и кондиционите тренери кои биле задоволни од текот на опоравувањето.
Алаба според последните информации се чувствува добро и се држи до дадениот план и програма. Сепак, се уште не може никој да каже кога точно ќе се врати.
Повредата на коленото Алаба ја заработи минатиот декември во натпреварот против Виљареал.