Дома Фудбал Нова лоша вест за Милан – Бонавентура во аут 3 недели!

Нова лоша вест за Милан – Бонавентура во аут 3 недели!

Милан лошо ја започна сезоната и се ниша столчето на Винченцо Монтела, а сега пристигна нова лоша вест за тренерот на „росонерите“.

Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Џакомо Бонавентура поради повреда ќе биде надвор од терените 2 до 3 недели.

Бонавентура има кинење од прв степен на бутниот мускул и поради тоа сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Киево и Јувентус.

Од Милан потврдија дека после 2 недели врз фудбалерот повторно ќе бидат направени испитувања, па тогаш ќе знае точно кога ќе се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне не ѝ ја препушта титулата на Барса: Атлетико има што да каже!

Барселона има девет победи од девет меча, но Симеоне верува дека Атлетико може да ја оспор…