Српскиот напаѓач Лука Јовиќ најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид во јануари, бидејќи тренерот Зинедин Зидан не смета на неговите услуги.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанските медиуми пишуваат дека Јовиќ побарал од тренерот да замине од клубот, па „кралевите“ се спремни да му ја отворат излезната врата.
Долго се шпекулураше за негов трансфер во Серија А, каде интерес покажаа Милан и Рома, но Јовиќ најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата.
Вулверхемптон се вклучи во трката за потписот на српскиот напаѓач и ја испратил најдобрата понуда, па сега е во пол-позиција за неговиот потпис, пренесува „Скај Спорт“.