Дома Трансфер зона Ништо од Звезда, Лука Јовиќ потпишува за друг клуб од Серија А?

Ништо од Звезда, Лука Јовиќ потпишува за друг клуб од Серија А?

Српскиот напаѓач, Лука Јовиќ скоро сигурно ќе ја напушти Фиорентина до крајот на преодниот рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според пишувањето на италијанските медиуми, Јовиќ кариерата би можел да ја продолжи во екипата на Милан бидејќи стратегот на „росонерите“ многу го цени српскиот напаѓач.

Пиоли го сакаше Јовиќ во Милан уште кога напаѓачот беше на излезни врати од Реал Мадрид, но тогаш Милан имаше проблеми од финансиска природа.

Сега изгледа дека ќе нема никакви проблеми Јовиќ да го облече црвено-црниот дрес со плата од 2.5 милиони евра годишно. Фиорентина има право на Јовиќ до 2024 година, а 50% од сопственоста има и Реал Мадрид.

Претходно се споменуваше сензационално враќање на Јовиќ во Црвена Звезда, но од тоа веројатно нема да има ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…