Дома Фудбал Никој не ја „ограбил“ Барселона како Вермален

Никој не ја „ограбил“ Барселона како Вермален

Mногумина беа изненадени кога Барселона летото 2014 година одлучи да го доведе Томас Вермален.

Вермален во каталонскиот клуб пристигна за околу 18 милиони евра и со Барселона потпиша соработка на пет години. Сепак Белгиецот се покажа како едно од најголемите промашувања на Барселона.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Имено, овој 33 годишен дефанзивец на „Камп Ноу“ помина дури пет сезони и ова лето си замина како слободен играч. Но, Вермален имаше огромни проблеми со повредите поради што за пет години во Барселона одигра само 34 натпревари.

На основа на годишната плата која Вермален ја имаше во Барселона шпанските медиуми дојдоа до заклучок дека по одигран натпревар тој заработувал 5000.000 евра.

Токму и затоа Вермален не сакаше да ја напушти Барселона каде што остана до крајот на договорот, очигледно знаеше дека никој нема да му понуди плата како во Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…