Дома Фудбал Лига на шампиони Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Шериф Тираспол на Бобан Николов го приреди најголемото изненадување во поновата историја на ЛШ и го победи Реал Мадрид на „Сантиаго Бернабеу“.

Во 25-та минута Јакшибаев го донесе Шериф во водство против фаворизираниот Реал Мадрид и со тој резултат се замина на полувреме.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во 65-та минута Бензема израмни на 1:1, но Реал не успеа да стигне до комплетен пресврт и во 90-та минута следуваше шок. Тили погоди за историска победа на Шериф. Николов влезе во игра при крајот на мечот.

Милан и Атлетико одиграа возбудлив дуел кој на крајот го добија гостите. „Росонерите“фуриозно го започнаа мечот и од самиот старт доминираа против „јорганџиите“ и стигнаа до водство со голот на Леао.

Во 29-та минута се случи клучниот детал на мечот, кога судијата Чакир престрого го исклучи Кеси и Милан остана со играч помалку.

Во второто полувреме Атлетико тргна со сите сили, а Милан добро се држеше се до 86-та минута кога Гризман израмни на 1:1. Во 95-та минута беше досуден пенал за гостите кој Суарез го претвори во гол.

Дербито во Париз му припадна на ПСЖ, кој стигна до голема победа над Манчестер Сити. Резултатот го отвори Гаје, а конечните 2:0 беа дело на Меси со својот првенец во дресот на ПСЖ.

Ливерпул стигна до висока победа над Порто (1:5), Борусија Дортмунд запиша минимална победа над Спортинг, а Лајпциг беше поразен на домашен терен од Бриж (1:2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мурињо се интересира од Марко Асенсио

Позајмицата на шпанскиот офанзивен играч за врска Марко Асенсио во Астон Вила заврши, но с…